Уапсен братот на Никола Јокиќ, обвинет е за физички напад

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Страхиња Јокиќ, брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е уапсен и обвинет за напад на натпревар во Денвер Нагетс, кога удрил човек во лице.

Причината за неговото апсење е тепачка што се случила во април во „Бол Арена“ за време на натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс.

Страхиња беше обвинет за напад од трет степен, односно за прекршок, за што во вторникот се појави пред суд.

Полицијата дознала за тепачката поради видео кое станало вирално на социјалните мрежи, на кое се гледа како членови на семејството Јокиќ се расправаат со неидентификуван навивач на трибините, стои во извештајот за апсењето.

На видеото се гледа вербална расправија меѓу навивач, Страхиња и другиот брат на Никола, Немања, која се случила пред еден од браќата да го удри навивачот во лицето, пишува полицијата.

Три дена подоцна полицијата разговарала со нападнатиот и забележала дека има расекотини и модринки околу окото. Лекарскиот преглед открил дека има потрес на мозокот, пренесуваат медиумите.

Мажот во полиција изјавил дека еден од браќата Јокиќ го удрил со тупаница по лицето и дека нападот бил неиспровоциран. Надлежните од тетоважата подоцна утврдиле дека се работи за Страхиња.

Повредениот најпрвин не сакал да го тужи Јокиќ, наводно затоа што се плашел за безбедноста на своето семејство, но одлуката ја променил во мај.

Кога го контактирале полицијата, Страхиња рекол дека верува дека не направил ништо лошо и дека бранел постар човек кој го познавал долго време.

Слични содржини