Уапсен еден од најужасните педофили во Европа: Снимал како силува деца и потоа тоа го шерувал

од Aleksandar Petrovski
141 прегледи

Француската полиција уапси маж кој е наведен како еден од најбараните и најопасните педофили во таа земја, но и во цела Европа.

Човекот, стар околу 40 години, е познат како „главен човек“ кој стои зад најголемите даркнет педофилски интернет-сајтови.

Тој беше уапсен на 7 јули во Бордо, а исто така е обвинет за силување малолетничка и сексуално злоставување на 15-годишно дете.

– Осомничениот е еден од 10-те најбарани сексуални престапници. Им овозможи на илјадници луѓе ширум светот да имаат пристап до најжестоките содржини, фотографии и снимки од сексуална злоупотреба на деца – соопшти француското обвинителство.
Исто така, се сомнева дека тој организирал и учествувал во снимањето на порнографски филмови со деца.

Уапсен е благодарение на соработката на француската полиција и Европол.

Според неофицијални информации, уапсениот признал сè за што е обвинет.