21
Вчера во 13.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.О.(48) од Германија, поради тоа што при проверка на патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а кое било сопственост на О.О. од Турција, констатирано било дека патничкото возило било барано од Интерпол, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.