Уапсен Германец кој ја удавил својата мајка во бунар

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Педесет и петгодишен Германец е уапсен под обвинение дека во бунар ја удавил својата 79-годишна мајка.

„Улрих Ф. е обвинет зашто ја фрлил својата мајка Елесе во бунар во доцните вечерни часови на 25 јуни 2019 година, оставајќи ја да се удави во вода длабока два метри“, рече обвинителот Мартин Ботзенхарт во изјавата на „Билд“.

Смртта со давење беше потврдена со обдукција спроведена на 27 јуни од страна на Институтот за правна медицина на Универзитетот во Минстер.

„Единицата за убиство откако ги собра и анализира доказите утврди дека модринките на главата на починатата жена најверојатно се случиле од повреда надвор од бунарот“, додаде обвинителот. Потоа, Улрих Ф. веројатно ја фрлил својата беспомошна мајка во бунарот.

Според информациите објавени од полицијата, причината поради која Улрих Ф. ја убил својата мајка е кавга околу семејното наследство.

Слични содржини