Полицијата фати лице кое повеќе пати се самозадоволувално пред женски лица на територија на град Скопје, информираа утрово од МВР.
Според полицискиот билтен, на 27.02.2023 во Скопје лишен од слобода е С.А.(30) с.Пагаруша, општина Студеничани.
-Тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените. Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор, соопштија од полицијата.