Уапсен Мароканец за физички напад врз полицаец од Фронтекс

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Кај Демир Капија синоќа уапсен е 22-годишник од Мароко поради физички напад врз полицаец од Фронтекс, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од ОВР Неготино околу 20 часот го лишиле од слобода О.К. од Мароко. Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од Фронтекс, на местото забележале шест лица мигранти, при што О.К., во обид да побегне, физички нападнал полициски службеник од Фронтекс, се појаснува во соопштението.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини