Уапсен маж кој најавил атентат на Макрон на Денот на падот на Бастилја

од desk2
106 прегледи

На поширокото подрачје на Париз уапсен е маж кој планирал за време на воената парада на 14 јули по повод Денот на падот на Бастилја да го убие францускиот претседател Емануел Макрон, пренесуваат денеска француските медиуми на интернет.

Телевизијата БФМТВ јави дека се работи за 23 годишен маж упасен по изјавата на еден сајт за видео игри дека планира да купи калашников за да го убие Макрон на државниот празник.

Неговиот разговор на интернет веднаш е пренесен до полицијата која го привела во текот на викендот.

Весникот Уест Франс пренесе денеска дека мажот, кој се изјаснил како националист и близок до екстремната десница, пружил отпор при апсењето и дека во неговиот стан на периферијата на Париз се пронајдени неколку ножеви.

Уапсениот е невработен и со нарушено присихчко здравје. Изјавил дека бил решен да ја спроведе својата намера.

Ова не е прв случај некој да објави дека сака да го убие претседателот на Франција за време на воената парада која традиционално се одбележува на 14 јули.

Неонацистото и симпатизер на екстремната десница Максим Бринери со обична пушка на 14 јули 2002 се обиде да го убие претседателот Жак Ширак.