383
Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство ги уапси началникот на полицијата во Подгорица, Дарко Кнежевиќ и командирот на Одделот за безбедност во Подгорица, Далибор Живковиќ.
„Специјалното полициско одделение ги лишило полициските службеници Д.К. и Д.Ж поради основи на сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и како осомничени ги донеле на распит кај државниот обвинител“, пренесе „Дан“.
По рочиштето, во присуство на бранителите, на осомничените им е одредена мерка притвор до 72 часа.