Уапсен најбараниот човек во Грција: Хулиганот бил еден од предводниците на хаосот во Атина

од Stefanija Kuzmanovska
594 прегледи

Уапсен е грчкиот навивач на Панатинаикос, по кој беше распишана потерница поради нередите во Нова Филаделфија кои доведоа до убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис.

Грчки навивач е уапсен во неговата куќа во областа Гиза, јавува грчкиот портал Newsit, а во тек е претрес на куќата.

Тој наводно бил идентификуван благодарение на снимките од инцидентите во Нова Филаделфија. Во минатото, според медиумите, бил вклучен во разни навивачки нереди.

Уапсениот навивач наводно е еден од снимените како ја води група хулигани во близина на стадионот на АЕК.

Слични содржини