Припадниците на српската полиција го уапсија Б.М. (36) од Сремска Митровица кој се сомничи дека извршил кривично дело изнуда во обид, односно киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Тој на конференција за печат, објасни дека осомничениот упаднал во куќата на 83-годишниот, му го украле телефонот, 26.000 динари од паричникот и дека потоа дедото на Јелена Ѓоковиќ го однеле од куќата и го врзале за далекувод.
Пренесе дека киднаперите од семејството Ѓоковиќ бараче откуп од 2 милиони евра.
На Б.М. му е одреден притвор од 48 часа, а со него наводно оперирал уште еден човек, по кој се трага.