Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, е уапсен утрово, пишуваат повеќе медиумите.

Според неофицијалните првични информации тој е уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште. Митревски се очекува да биде однесен во една од полициските станици, во Кисела Вода или Гази Баба..ЗАедно со него се уапсени 4-5 други осомничени за истото обвинение.