Полицијата во Грција го уапси шефот на железничката станица во Лариса откако товарен и патнички воз се судрија кај Темпија, при што загинаа најмалку 38 лица.
Според неофицијални информации, осомничениот се товари за кривично дело нарушена безбедност во сообраќајот со што е предизвикана смрт.
Казните за ова дело се движат од 10 години до доживотен затвор.
Во овој момент се сомнева дека до судирот дошло поради човечка грешка, односно се верува дека приведениот го пренасочил патничкиот воз на долната линија на сообраќајот, поради што се нашол во иста линија со товарниот воз и дошло до верижен судар.
Наводно, осомничениот на рочиштето рекол дека дал наредба да се изврши промена на правецот, но дека системот не го обработил тоа.
Според надлежни извори, ако шефот на станицата сфатил дека патничкиот воз се движи по иста линија како и товарниот, ќе наредел двата воза да застанат пред да се приближат. Од железницата се побарани транскрипти од евентуалниот разговор меѓу шефот на станицата и машиновозачот.