Уапсен тинејџер – палел кабли и предизвикал пожар во Тетово

од desk2
11 прегледи

Полицајци од Тетово денеска околу 16:15 часот го уапсиле С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли, со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово.

Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.