Уапсен водач на италијанска мафијашка група, беше едно од најбараните лица во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Водачот на италијанската мафијашка група „Сочета Фочана“ (Società Foggiana) Марко Радуано вчера бил уапсен во францускиот департман Горна Корзика, соопштија денеска француските и италијанските власти.

Радуано (40), кој избега од затвор во 2023 година, беше едно од најбараните лица во Европска Унија.

Во исто време е уапсен и неговиот близок соработник Џанлуиџи Тројано во Отура, во близина на Гранада, јужна Шпанија.

Апсењата биле извршени од членови на специјална група на италијанските карабинери со поддршка на француската жандармерија и оперативните единици на шпанската цивилна гарда.

Според податоците на Европол, Радуано отслужувал 24-годишна затворска казна поради членство во мафијашка организација, шверц на дрога, нелегално поседување оружје и други злосторства.

Слични содржини