307
Државјанка на Велика Британија е уапсена на скопскиот аеродром, информираат од полицијата.
На 04.07.2024 во 15.10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Н.Р.Ј.М.(53) од Велика Британија, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека го пречекорила дозволениот престој во државата.
-Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка, соопштија од МВР.