Шкотската полиција ја уапси британската пратеничка Маргарет Фериер за наводно кршење на регулативите воведени за спречување на ширењето на ковид 19.
Таа, минатата година, откако дознала дека е позитивна на коронавирус си отишла дома со воз.
„Можеме да потврдиме дека шеесетгодишна жена е уапсена и обвинета за наводно непромислено однесување. Апсењето е извршено по истрагата за наводното кршење на прописите воведени за борба против коронавирусот меѓу 26 и 29 септември“, се вели во соопштението на шкотската полиција.
Фериер кон крајот на септември дознала дека е позитивна на коронавирусот откако одржала говор во британскиот парламент. Таа јавно се извини затоа што патувала со воз подолго од 650 километри назад кон Шкотска.
Наскоро беше суспендирана од Шкотската национална партија (СНП).