138
На 26.04.2023 во објект на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕЦР Центар и Бит-Пазар ја лишиле од слобода Ж.С.(49) од Скопје.
По преземени мерки и активности било утврдено дека таа на 17.02.2023 во продажен објект на бул.„Никола Карев“ одзела личен предмет од С.Л.(32) од Скопје.
Ж.С. била задржана во полициска станица и во службен разговор го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.