Уапсени 57 членови на банда мигранти, вршеле разбојништва и кражби во Атина

од Stefanija Kuzmanovska

Грчката полиција уапси 57 членови на банда мигранти осомничени за вршење разбојништва и кражби во Атина, беше објавено денес.

Тие биле уапсени во неделата и беа објавени и нивните имиња, пренесува порталот Greek city times.

Се наведува дека станува збор за мигранти од Турција, Авганистан, Иран, Сирија, Алжир, Палестина, Ирак, Бангладеш, Либија и Мароко.

Се додава дека Атина некогаш била еден од најбезбедните градови во Европа, но илегалната миграција претвори одредени делови од градот во многу несигурни зони каде преовладуваат беззаконието и криминалот, како што се населбите на Егзархијата и Омонија.

Слични содржини