10
Стружанец и прилепчанец вчеравечер биле уапсени поради предизвикување пожар на градската депонија во Струга. Тие палеле душеци и топеле бакарни жици, при што избил пожарот.
„На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар“, соопшти МВР.
Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.