Уапсени две лица: Пронајдени скоро еден милион фалсификувани евра

од Берта Китинска
460 прегледи

Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, информира МИА.

Фалсификатори во Скопје допатувале од Милано.

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.