874
Двајца македонски државјани и двајца српски се уапсени во Солун откако во возилата во кои се возеле биле пронајдени накит и златни прачки за кои не можеле да докажат сопственост, јавуваат грчките медиуми.
Како што е наведено, поголема количина накит и осум златни прачки, вкупна тежина од околу 21,5 килограми, открила полициската патрола во Солун, во две возила, едното со македонски, а другото со турски регистарски таблички.
Уапсени се двајца државјани на Северна Македонија, едниот на возраст од 72, а другиот на 36 години и двајца државјани на Србија, двајцата на возраст од 37 години.
Одземени им се возилата и мобилните телефони, а полицијата ќе го испитува потеклото на накитот и златото.