Уапсени осум лица по вчерашната прослава на денот на албанското знаме

од Nikola Popovski
628 прегледи

Првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информираше дека МВР веќе привела осум лица поврзани со вчерашните инциденти, меѓу кои беше и сквернавењето на македонското знаме на неколку места во Скопје и Македонија. Четири лица сториле прекршок – учество во тепачка и по нив ќе се преземат соодветни дејствија.

Други четири лица се уапсени заради тоа што против нив има основано сомнение за кривично дело кое се однесува на предизвикување национална, расна и верска основа, раздор и нетрпеливост, каде што е предвидена минимална казна од една година затвор.  Еден од уапсените е малолетник, а тројца се полнолетни лица.

-Станува збор за млади лица 18,19,20,21 година кои што во текот на вчерашниот ден го сториле ова кривично дело. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица. Ќе бидат изнесени пред суд, а потоа судот ќе одлучи во рамките на своите надлежности, рече Тошковски во изјава за медиумите.

Додаде дека ќе има уште многу лица кои ќе бидат повикани на разговори и вклучени во истражните дејствија.

-Во текот на вчера, МВР постапи соодветно и во делот на превенција и во делот на репресија. Ова огромна разлика во тоа што претходно изнесуваа информации во јавност, го споделуваа во јавност, кажа министерот.

Тој оцени дека македонската полиција покажала зрелост и професионалност и одговорила соодветно на сите предизвици, по повод вчерашната прослава на денот на албанското знаме.

Слични содржини