Уапсени шестмина шефови на ФИФА за корупција и милионски поткуп

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Шестмина високите членови на ФИФА, кои биле уапсени во Цирих утринава , ќе бидат екстрадирани во САД, каде ќе им бидат покренати обвиненија за корупција. Соопштението беше направено од швајцарски Министерство за правда, но имињата на уапсените не се соопштуваат.

апсење

Како што веќе е познато, утрово беше спроведена масовна акција во хотел во Цирих, при што беа притворени членови на светската фудбалска централа. Налозите за апсење се против повеќе од 10 лица, но некои од нив се уште не биле пристигнати за конгресот на ФИФА во петокот, кога требаше да има избори за претседател на светската фудбалска централа.

 Помеѓу уапсените не е претседателот на ФИФА Сеп Блатер, но е неговиот заменик, Џефри Веб.

“Американските власти се сомневаат дека овие лица добивале  на поткуп во износ од милиони американски долари. Налозите за апсење се издадени по официјално барање од страна на САД. Обвинителството на Источниот округ на Њујорк ги истражува овие луѓе во врска со примање поткуп за периодот од почетокот на 90-тите години на дваесеттиот век доденечни  денови “, објавено е  од швајцарската министерство.

20150527.lccnglhrdv

“Различни фудбалски раководители, делегати на ФИФА и други функционери на организации поврзани со светската фудбалска централа, се осомничени во добивање на поткуп над 100 милиони долари. Парите се давани од различни маркетинг компании и медиумски корпорации, кои пак добиле медиуми, маркетинг и спонзорство  и права за фудбалски турнири во Латинска Америка.Според американските власти сите овие темни зделки се преговарани  и извршени на територијата на САД, а сумите минувале во американски банки. ”

“Со одобрение на Министерството за правда е започната постапка за експресна екстрадиција на уапсените лица во САД. Ако некој од приведенитеја  оспори наредбата за екстрадиција ќе поминеме низ продолжената постапка која вклучува испраќање на посебна владина нота од страна на САД и во најлош случај  се може да трае околу 40 дена “, додаваат швајцарските власти.