Уапсени сите тројца кои се бараат од полицијата за упадот во Собранието на крвавиот четврток

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Сите три лица за кои МВР денеска објави фотографии и кои се бараа веќе се уапсени, извести ОЈО.

„Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода.

Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка, по предходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи“, стои во соопштението на ОЈО.

Инаку о објавувањето на фотографиите од МВР во кои се бараат тројца од луѓето кои упаднаа во Собранието на крвавиот четврток, порталот АКО.мк, реобјави текст во кој го поставува прашањето – Кој е човекот со кариран качкет на главата, којшто цело време беше во придружба на Филип Петровски.

„Прилогот на АлсатМ кој открива интересни моменти за крвавите настани, меѓу другото, прикажува еден интересен детаљ на почетокот од снимката кадешто се гледа како Филип Петровски од ВМРО ДПМНЕ и актуелен директор на Државниот архив забрзано со Ивона Талевска влегуваат во Собранието заедно со масата народ, а потоа се изврши насилството. Веднаш зад нив се гледа човек со кариран качкет на главата како исто така забрзано ги следи .

 За да го видите прилогот притиснете на Watch on YouTube подолу (на самиот почеток, на 00:04 од видеото):

Истиот човек, со истиот кариран качкет на главата, но сега со јакната врзана преку појас, со телефон го снима влечењето на претепаниот Зијадин Села низ ходниците во Собрание. Сосема на почетокот од видеото лицето кое најверојатно му е обезбедување на Филип Петровски, стои до скалите и го регистрира чинот на пренесување на Села, за кого демонстарнтите и тепачите мислеле дека е мртов. Неговото присутво може да се забележи и кон крајот од видеото:

За нас е непознато дали човекот со качкет на главата некаде во меѓувреме се разделил од Филип Петровски или пак и тој е некаде во близина. Повеќе од очигледно е дека Петровски е во тесна корелација со него и дека веројатно бил добро информиран за се што се случувало низ Собранието на крвавиот четврток“, пишува порталот.