Уапсени Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи

Претрес во Скопје - пронајдени и одземени печати од приватни фирми и државни институции за кои постои дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи...

од Nikola Popovski
19 прегледи

На 21.10.2025 во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени се повеќе дозволи за престој на име на други лица, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи на име на други лица и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.