Неколку високопозиционирани саудиски функционери уапсени во чистката која почна во саботата биле изложени на тортура и претепување за време на апсењето и испитувањето и им била потребна медицинска помош, јави порталот Middle East Eye.

Овој портал дознава од извори од кралскиот дворец дека обемот на чистката е далеку поголем од што саудиските власти објавуваат. Се вели дека се уапсени повеќе од 500 лица, а дека овој број може двојно да порасне, пренесе Al Jazeera Balkans.
Десетици членови на кралското семејство, функционери на Владара и влијателни бизнисмени притворени се во рамки на чистката која почна во сабота, а обвинети се за перење пари и примање мито.
Во меѓувреме замрзнати се повеќе од 1.700 банкарски сметки во Саудиска Арабија, а тој број расте.
Некои од високите функционери кои беа уапсени биле изложени на најбрутално мачење, а по добиените рани може да се заклучи дека претрпеле класични методи на мачење, јавува Middle East Eye. Сепак, на лицата немаат траги од повреди, па нема да се забележат ако се појават во јавност.
Мохамед бин Салман го замени роднината Мухамед бин Најеф на местото престолонаследник во јуни.
Принцот Алвалед бин Талал, милијардер и сопственик на холдингот Кингдом, исто така е меѓу притворените, како и неодамна отпуштените министри како принцот Митааб бин Абдула и шефот на Националната гарда и министер за економија Адел Факих.
На мета на антикорупциската акција во Саудиска Арабија се најде и Мухамен бин Најеф, поранешниот саудиски престолонаследник, кој во јуни е сменет од таа позиција.
Зацврстување на моќта
Овие чекори се последни во серијата одлуки кои се сметаат за обид на престолонаследникот Мухамед бин Салман да ја зацврсти моќта над државата и политичката и бизнис елита.
Во саботата кралот Салман бин Абдулазис Ал Сауд објави дека неговиот син престолонаследник ќе ја надгледува антикорупциската комисија која ќе ја искорени корупцијата.

Синовите на Султанот бин Абдулазис исто така се уапсени, а нивните банкарски сметки замрзнати.
Еден од најпознатите е принцот Бандар бин Султан, поранешниот саудиски амбасадор во САД и човек од доверба на некогашниот претседател на САД Џорџ Буш помладиот.
Државниот обвинител на Саудиска Арабија шеикот Сауд ал-Мојеб во четвртокот изјави дека 2008 лица се приведени на сослушување во истрагата во рамки на борбата против корупцијата, од кои седуммина се ослободени без против нив да биде подигнато обвинение.
Се наведува дека тој повторил дека со оваа акција не се нарушени вообичаените стопански активности и дека се замрзнати само лични банкарски сметки, а не корпоративни.
„Компаниите и банките слободно можат да продолжат со трансакциите како и до сега“, порача Мојеб.
Чистка без преседан
Саудиските власти врз основа на истрагите објавени во последните три години проценуваат дека најмалку 100 милијарди долари се проневерени во таа држава по пат на систематска корупција и измами во последните неколку децении.
Middle East Eye потсетува дека ваква чистка на кралското семејство не е забележана во поновата историја на кралството.
Последен сличен потрес се случил кога кралот Сауд го симна неговиот брат принцот Фаисал во 1964 година. Тогаш Националната гарда ја опколи кралската палата, но самиот крал не беше изложен на омаловажување.
Пред да стане крунски принц, Мохамед бин Салман најави: „Тврдам дека никој нема да биде поштеден во борбата против корупцијата – бил тоа принц или министер“.
На удар на актуелната чистка се најдоа и синовите на четирите клучни луѓе во династијата Ал Сауд. Се работи за синовите на кралот Фахид бин Абдулазис, кралот Абдула, принцот султан и принцот Најеф.