Уапсено лице под сомнение дека го инспирирало Кецмановиќ да го изврши масакрот во Врачар

од Nikola Popovski

Српската полиција уапсила лице кое наводно го инспирирало 13-годишниот Коста Кецмановиќ да го изврши масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, објави денеска српски „Курир“.

Од порталот се повикаа на „неофицијални сознанија“.

Во нападот што се случи минатата среда, седмоодделенецот на ОУ „Владислав Рибникар“ со истрели од пиштол уби осум ученици и чуварот, а ранил седум лица.

Слични содржини