30
Полицијата уапсила 19-годишно момче кое се шетало со пиштол и куршуми во него. Настанот бил регистриран во скопско Драчево.
-На 08.09.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(19) од с.Морани, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во полицискиот билтен.