Убеден сум дека нема да има нова војна од типот на оние кога се распаѓаше Југославија, тврди Пендаровски

од Nikola Popovski
181 прегледи

Јас сум 100% сигурен дека нова војна од типот на 90-тите години нема да има, од типот на тие низ кои се распаѓаше поранешна Југославија. Ресурсите се исцрпени, големите идеи за големи држави се поразени, вели претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Трилинг“ околу состојбата на Балканот и дали постои нова воена закана.

Според него, нема ентузијазам или волја кај некоја од регионалните локални нации да поддржува такви воени авантури, налик тоа што го прави Путин во Украина.

-Конечно меѓународниот фактор е уверен и сигурен дека 30 години вложување во каков таков мир како што го нарекуваат, да не дозволи повоторно да се разгори. Конфликти од големи размери нема да гледаме и тоа е одлична порака за сите нас, што живееме тука, смета Пендаровски.

Според него, прва колатерална штета од евентуална нова промена на границите во регионот, во контекст на разговори Белград-Приштина, ќе биде Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија.