Убеден сум дека тој ќе успее да го врати СДСМ на победничката патека, вели Спасовски за Филипче

од Nikola Popovski
448 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски упати честитки до новиот лидер на партијата, Венко Филипче. Во објавата на социјалните мрежи, Спасовски посочува дека Филипче е негов другар.

-Убеден сум дека тој ќе успее да го врати СДСМ на победничката патека, со социјалдемократска визија и заедништво како што доликува на европска и прогресивна партија. Да живее СДСМ! Да живее Македонија, порача Спасовски.

Екс-министерот за здравство и актуелен пратеник Филипче е нов лидер на СДСМ. Освои 9 илјади и 52 гласа на вонредните избори за претседател на социјалдемократите. Порача дека сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење.

-Следи период на реорганизација и реформи, рече Филипче.

По него е Јован Деспотовски со освоени 2.705 гласови. На трето место со 905 гласа е Александар Бајдевски, а за Славјанка Петровска која се повлече од трката за претседател на партијата гласале 190 членови на СДСМ. Деспотовски најави приговори.

Прашува како е можно 10.000 членови кои се регистрирале да учествуваат во изборниот процес да не можат да го остварат своето право на глас.

Слични содржини