189
Водачот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија Асим Умар убиен е во заедничка акција на авганистранско-американска воена акција.
Како што јави Би-Би-Си, Умар, кој беше шеф на Ал Каеда за индискиот субконтинент, убиен е во напад на талибанските положби во авганистанската провинција Хелманд на 23 септемви. соопшти авганистанскиот Национален директорат за безбедност.
Во истата акција, како што додава британскиот јавен сервис, убиени се 40 цивили, како и уште шест припадници на организацијата, повеќето Пакистанци.