Убиен рапер номиниран за Греми

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Го убија раперот Нипси Хусле. Ова е објавено од страна на “Дејли мејл” и се наведува дека тој ја сретнал смртта во престрелка во Лос Анџелес.

Изведувачот бил убиен пред сопствената продавница за облека во јужниот дел на американскиот град.

33-годишниот Хусле претрпел многу повреди. Пристигнала амбуланта и го одвеле во болница, но само ја констатирале неговата смрт.

Според полицијата, уште двајца луѓе биле повредени при пукањето.

Нипси Хусле е уметничко име на раперот. Вистинското име му е Ермиј Асхедеум. Тој е роден и израснат во Јужен Лос Анџелес како тинејџерски член на улични групи.

Изведувачот беше номиниран за овогодинешните Греми награди благодарение на неговиот деби студиски албум “Victory Lap”.