Убиени браќата и таткото на главниот осомничен за нападите во Шри Ланка

од desk2

Таткото и двајцата браќа на напаѓачот за кој се верува дека стои зан бомбашките напади во Шри Ланка убиени се кога силите за безбедност упаднале во нивното засолниште.

Информацијата ја пренесоа денеска полициски извори и роднина на убиените.

Заине и Пилван Хашим, и нивниот татко Мохамед, кои на видое-снимките на социјалните мрежи повикуваа на тотална војна против неверниците, се наоѓаат меѓу 15 убиени во петокот во жестоките пресметки со војската, речено е за Ројтерс.

Според АФП, тие луѓе се убиени кога терористите, опколени од страна на трупите, самите себеси се разнеле.

Тројцата мажи активирале експлозив и притоа се убиле себеси, три жени и шест деца, извести АФП, цитирајќи ја полицијата.

Подоцна е соопштено дека една жена и едно момче ја преживеале експлозијата. Се наоѓаат во болница во критична состојба.

Се верува дека напаѓачот Захран Хажим е „мозокот“ на бомбашките напади на цркви и хотели во кои загинаа повеќе од 250 луѓе.

Властите и денеска пребаруваа локации поврзани со напаѓачите и пронајдоа оружје, материјали за правење бомби, како и знаме на Исламска држава.

Исламска држава претходно презеде одговорност за нападот и рекоа дека Хашим и неговата исламистичка група НЈТ се заколнале на верност.

Слични содржини