Убиецот од Москва се натпреварувал во стрелаштво: Ова е Евгениј кој пукал по луѓе кај ФСБ! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
334 прегледи

Напаѓачот кој вчера уби еден припадник на Федералната служба на безбедност и рани уште пет лица кај седиштето на таа служба во Москва, бил член на еден стрелачки клуб, пренесоа денес руските медиуми.

Тој е убиен и идентификуван, но руските власти не го соопштија неговиот идентитет.

Но телевизијата РЕН и дневникот Комсомолскаја Правда јавуваат дека станува збор за Евгениј Манјуров (39) жител на Подољск, предградие на Москва.

Велат дека Манјуров работел во фирма за приватно обезбедување и дека вежбал гаѓање. Поседувал помал арсенал пушки и пиштоли и учествувал во натпреварувањата во стрелаштво.
Полицијата утрово го пребарала станот во кој живеел со мајка му, наведува Ројтерс.

 

Слични содржини