Владата на Чешка ја поддржа полициската акција, нагласувајќи дека не станува збор за „чешки Флојд“, откако се појави видео од полицаец кој држи колено врз рамената и вратот на Ром, кој подоцна почина, објави Би-Би-Си.
Здруженијата на Ромите беа шокирани од видеото снимено од прозорец во северозападниот град Теплице во саботата.
Тројца полицајци го опколиле човекот за да го уапсат, а неколку минути подоцна тој лежел неподвижен на тротоарот.
„Нема чешки Флојд“, објави полицијата, отфрлајќи ги наводите што се појавија на социјалните мрежи.
Припадниците на ромската заедница ја споредија ситуацијата со смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец клечеше со колено врз неговиот врат повеќе од девет минути во Минеаполис во мај 2020 година.
Чешката полиција наведува дека употребата на сила била неопходна затоа што човекот бил агресивен.
Новинарот Хлидачи Пес го анализирал видеото и заклучил дека полициските службеници неколку пати кренале колена и утврдил дека полицискиот службеник најголемиот дел од снимките клечел врз грбот и на рамената, што е дел од вообичаеното полициско дејствување во вакви ситуации.
Сепак, има две видеа, едното трае 27 секунди, а другото трае пет минути и 55 секунди.
Нема видео снимка од пренесувањето на Ромот во амбуланта.
Комплетната обдукција ќе ја открие точната причина за смртта.