223
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа 39-годишен маж е пронајден мртов во автомобил помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, скопско.
-Полицајци од Одделението Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково, велат од полицијата.
По преземени мерки било утврдено дека станува збор за Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, констатираат од МВР.