242
Список со закани за ученици се појавил во скопско училиште, известија од МВР.
-На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици.
Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Колку за потсетување, ваквата закана следува по трагедијата во соседна Србија, откако пред речиси една недела беа убиени 8 ученици и еден чувар во белградско училиште. Масакрот беше извршен од страна на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој во моментов се наоѓа на психијатриско одделение во една белградска болница.