Министерството за внатрешни работи информира дека вработени во полицијата привелe малолетник кој во текот на вчерашниот ден по социјални медиуми се заканувал по живот на професори.
„Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.
Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“, велат од МВР.
Вчера и ученик од скопско основно училиште донел пластичен пиштол и го вперил кон соученици. Сите овие немили настани доаѓа по случувањата изминативе во Србија каде 13-годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето каде што посетуваше настава.