680
Момче (14) пукало во училиштето на Врачар, Србија, „Владислав Рибникар“ и го убило чуварот. Неколку ученици се повредени, дознава „Телеграф.рс“.
Како што дознаваме, ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, дошол во училиштето вооружен и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути.
На местото на настанот се испратени три екипи на Брза помош.
Според известувачот на „Телеграф“, на терен има голем број полицајци.
Таму се и обвинителите.