249
Ученик од четврта година во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште.
Според информации МВР, 18-годишникот е уапсен.
„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Д.(18) од Штип, бидејќи во 12.18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина“, велат од МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.