Министерката за образование Мила Царовска преку својот Фејсбук, информира дека преку камапњата „Учи паметно, работи стручно“ ќе се обезбеди стручни смерови каде учениците ќе можат да се подготват и веднаш да се вработат на добро платени и барани работни места на пазарот
-Во последните години бележиме значителен пад на младинската невработеност и постојано работиме на нејзино намалување. Една од најусушените стратегии во оваа битка е обезбедување на соодветно образование и вештини за младите со кои може веднаш по завршување на формалното образование брзо и добро да се вработат. Преку камапњата „Учи паметно, работи стручно“ работиме токму на тоа, обезбедуваме соодветни стручни смерови каде учениците може да се подготват и веднаш да се вработат на добро платени и барани работни места на пазарот. Подобрување на соодносот меѓу понудата и побарувачката на работна сила на пазарот е меѓу нашите приоритети, пишува Царовска.