Јирген Клоп даде надежи на навивачите на Ливерпул дека ѕвездата Мохамед Салах е добро, и
покрај силниот удар во главата против Њукасл.

Египќанецот го постигна вториот гол за својот тим во победата од 3:2, но го напушти теренот на
носилка во средината на второто полувреме, кога беше удрен од голманот Мартин Дубравка.
Тој остана на теренот неколку минути, а неговата ситуација изгледаше доста тешка. Во оваа фаза,
се уште е нејасно колку сериозно тој настрадал, откако останува под знак прашалник за реваншот
со Барса во вторник.
„Колку што знам, тоа беше удар во главата, и лекарот мислеше дека мора да излезе за да види
каква е неговата состојба. Меѓутоа, во соблекувалната, тој седеше и го гледаше крајот на мечот на
ТВ, па очигледно беше подобар. Сепак, ударот беше сериозен, па ќе мораме да почекаме“,
коментираше германскиот тренер.
Сепак, Роберто Фирмино не е подготвен за реваншот во Лигата на шампионите, откако не играше
против „страчките“. Бразилецот има повреда на мускулот и веројатно нема да игра на последниот
натпревар против Вулверхемптон, па сезоната за него е завршена.