Удар за Арсен Венгер: Арсенал останува без Миктаријан

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Фудбалерот на Арсенал, Хенрик Миктаријан ќе го пропушти домашниот дуел со Саутемптон во недела од 33-тото коло на англиското фудбалско првенство.

29-годишниот ерменски репрезентативец се повреди и ја напушти принудно по малку повеќе од еден час играта при успехот на тимот од Лондон над ЦСКА Москва со 4:1 синоќа на „Емирати“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.

„Миктаријан има проблем со коленото. Не знаеме колку е сериозно, но сигурно тој нема да игра во недела“, прокоментира менаџерот Арсен Венгер.

Голманот Давид Оспина исто така нема да биде достапен. Тој добил повреда на глуждот на тренинг и ќе отсуствува во следните 2-3 недели.

Слични содржини