УЕФА го осуди нападот врз Сејдини и најави нивна делегација во Македонија

од Nikola Popovski
43 прегледи

УЕФА попладнево најостро го осуди неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага.

-Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од какво било мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.

Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Северна Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува, стои во дописот од страна на Европската куќа на фудбалот.

Пред една недела, Сејдини бил нападнат од повеќе маскирани лица во Скопје, Нападот се случил откако челникот на ФФМ кој бил во ресторан во Градскиот парк, тргнал кон својот автомобил, а таму го чекале маскираните напаѓачи.

По нападот, насилниците избегале во правец на кејот на реката Вардар. МВР го потврди нападот врз претседателот на ФФМ. Се уште се трага по сторителите.

Слични содржини