УЕФА остро го казни Реал Мадрид, причината ќе ве изненади

од Марта Пешевска
163 прегледи

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го казни Реал Мадрид со 15.000 евра поради расистички скандирања од страна на нивните навивачи за време на натпреварот против Арсенал, одигран на 8 април на стадионот „Емирати“ во Лондон, во рамки на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Дисциплинската комисија на УЕФА реагираше брзо откако беа објавени снимки од трибините, на кои се слушаат навреди со расистичка содржина упатени од гостинските навивачи. Освен паричната казна, Реал Мадрид доби и суспендирана санкција — доколку во рок од 365 дена се повтори сличен инцидент, на нивните навивачи ќе им биде забрането присуство на гостински натпревар во европските натпреварувања.

Со оваа мерка, УЕФА уште еднаш ја потврди својата решителност во борбата против расизмот и најави построги санкции за вакви прекршоци во иднина.

Натпреварот заврши со убедлива победа на Арсенал од 3:0, благодарение на два мајсторски изведени слободни удари на Деклан Рајс и голот на Микел Мерино. Во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, Реал не успеа да ја надомести негативата и загуби со 2:1, со што Арсенал обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Слични содржини