УЕФА потврди: Ќе се повтори ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите поради „технички проблеми“

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Извлекувањето на осминафиналните двојки во Лигата на шампионите го одбележа голема грешка на организаторите. Имено, многу полемики предизвика извлекувањето на противникот Виљареал, кој прв го извлече Манчестер Јунајтед, а бидејќи тоа не беше можно бидејќи овие две екипи беа во иста група, „жолтата подморница“ му беше доделена на Манчестер Сити.

Подоцна Јунајтед не беше во опција за противникот Атлетико Мадрид, кој го доби Баерн Минхен, а „црвените ѓаволи“ по волја на ждрепката беа вкрстени со Пари Сен Жермен.

Топките на победниците од групата не беа соодветно распоредени, па Андреј Аршавин го извлече Јунајтед за Виљареал. Џорџо Маркети изјави дека тоа е невозможно.

Стигна и официјалното соопштение дека ќе се повтори ждрепката за осминафиналните двојки од најсилното европско клупско натпреварување.

УЕФА ја оправда одлуката со тоа што имало „технички проблеми“ при првото извлекување.

Слични содржини