Угостители за пример: „И по цена фирмата да ни пропадне, нема да отпуштаме работници“

од Берта Китинска

Сопствениците на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесоа одлука и покрај кризата и периодот кој следи нема да отпуштаа работници.

-Јас и мојот брат како сопственици на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесовме одлука дека во периодот што следи нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне. Прво ние знаеме што значи во животот да се НЕМА. Второ, ние НИКОГАШ неможеме и НЕМА да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам,впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи.
Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од една големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени. Во живото ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси. Ќе успееме и сега …., пишува во Фејсбук статусот на еден од сопствениците на угостителските објекти.

Слични содржини