Угостителите на протест: „Банките и извршителите ни се закануваат со губење на домовите и објектите“

од Берта Китинска
546 прегледи

Од Туристичко – угостителска комора на Македонија, информираа дека утре во 12 часот , пред министерството за финасии ќе одржат протест.

-Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето кои работат во овој сектор. Бидејќи сме под закани за губење на домовите и објектите од банките и извршителите бараме:

Еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.

Еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош

Утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор.

Помошта не е доволна и сред пандемија треба да се помогне на секој кому тоа му е тоа потребно!

Време е за солидарност и помош.Секој од нас е важен!Директна неповратна помош за сите во секторот!, пишува во објавата на Фејсбук.

Слични содржини