УХМР: Сончево со пониски температури и засилен ветер

од Nikola Popovski

Денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец, повремено со брзина од 70 км/час).

Утринската температура ќе се движи во интервал од -7 до 3 степени, а дневната од 3 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде до -2 степени, а дневната до 12 степени.

Слични содржини