Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, како за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.
-На денешната седница ја усвоивме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација, сертификат за прележан Covid 19, негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи објава на својот фејсбук-профил заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.